ИСТОРИЈА

 

Местото каде што е лоцирана Вила Мина, го добило името според Св. Мина, Светец и војник, кој како голем и вистински Христијанин, неможејки да го прифати идолопоклонскиот свет на луѓето, побегнал да живее во планината со зборовите – ,,Подобро да живеам со зверовите во планината одколку со небожните луѓе на земјата!”

Историјата на локацијата и името на уникатната Вила Мина не обврзуваат да останеме цврсти во исполнувањето на нашата мисија – да овозможиме незаборавен одмор на секој гостин!

Секое катче од Вила Мина со себе носи и своја приказна инспирирана од непобитната изворна историја.  Во секоја соба во Вила Мина се наоѓаат букви - знаци од првата азбука – Глаголица, која што своите корени ги носи уште од 9тиот век.

Св. Кирил ја креирал првата азбука Глаголица составена од 38 знаци, во 869 година, базирана врз Македонскиот јазик на Славјаните.

Оваа азбука е донесена во Охрид од учениците на Св. Кирил – Св. Наум Охридски и Св. Климент Охридски, кои формирале литературна школа во Охрид, каде се школувле над 3000 ученици. Овој историски момент е особено важен за Охрид, како и за сите Македонци, воедно и наша инспирација за негово овековечување, составувајчи ја современата приказна за Вила Мина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЛОКАЦИЈА

 

Незаборавни моменти и задоволство во миксот на Ориенталната, Медитеранската, Балканската и Европската култура се привилегија за гостите на уникатната Вила Мина.

Лоцирана во популарното туристичко место Лагадин, во срцето на Охридскиот брег, каде што се судираат модерната архитектура и историјата, Вила Мина нуди колоритна приказна украсена со прекрасното зајдисонце на Охридското Езеро.

Вила Мина се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, на само неколку минути возење до центарот на Охрид и многуте популарни туристички места како манастирот Св. Наум, Градиште, Трпејца, Градот на вода ...

Токму нејзината локација го прави одморот исклучиво релаксирачки, далеку од градскиот метеж ,а сепак блиску до секое популарно место на охридскиот брег, кое вреди да се посети.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЗА НАС

 

Вила Мина е категоризирана со 4 звездички, кои што се оправдани со модерната архитектура, колоритноста и сјајот на секоја луксузно опремена соба, прилагодена за задоволување на потребите на секој наш гостин. Вила Мина нуди незаборавни и уникатни мигови со своите ексклузивни ВИП апартмани, Де Лукс Студија, Мини Студија, Студија и Двокреветни Соби, секоја опремена со модерен ентериер, чајна кујна ( комплетна кујна за ВИП апартмани) тоалет со комплетна опрема, сопствена тераса со прекрасен поглед на Охридското Езеро или планина, кои повторно и повторно ќе ја пробудат желба за неизбежна нова средба.

Во склоп на Вила Мина се наоѓа и прекрасен базен со лежалки, бар, безжичен интернет, скара, паркинг простор. Просторот е опремен со комфорни кревети и столици, а традиционалниот бар нуди оригинални топли и ладни напитоци и коктели, ладни и топли сендвичи,традиционални салати и мезиња.  Лоциран веднаш до инфинити базенот со прекрасниот поглед на Охридското Езеро, нуди посебна магија која неизбежно треба да се почувствува!

Персоналот е секогаш расположен за нашите гости да се чувствуваат како во свој дом исполнет со топлина и срека. Нашето мото е – Гостите не престојуваат тука – тие припаѓаат! 

 

Промоции 

Вила Мина стремејќи кон исполнување на својата мисија, на сите гости што престојуваат им нуди Рент а Кар услуги со привилегирани цени, попусти и пакети.

Вила Мина е партнер на Рент а Кар Агенцијата Еурорент, која што во секое време има огромна понуда на нови автомобили од познататите брендови Шкода, Сеат и VW.

Вила Мина организира посебни вечери со традиционална храна и музика, каде гостите можат одблиску да ја запознаат и почувствуваат нашата култура.

Наш ценет партнер е туристичкиот оператор TUI – Холандија. Изразувајќи ја својата посватеност кон обезбедување на што е можно поквалитетна и посеопфатна понуда, за сите гости од TUI, Вила Мина огранизира вечер со традиционална скара и вино.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

OUR GUESTS DO NOT JUST STAY HERE – THEY BELONG

RECOMENDET TOURS

Изнајмете автомобил

и искористете посебни цени и попусти само за гостите на Вила Мина

All Rights to VILA MINA*** 2015